Македонија Zlatno slavejce

18 ноември, 2014

ОКТА донираше бесплатен влез за повеќе од 700 деца на „Златно славејче“

Повеќе од 700 деца од социјално загрозени семејства, деца без родители и со посебни потреби од цела Македонија го следеа првиот, хуманитарен ден од 44-от по ред фестивал на детската песна „Златно славејче 2014“. И оваа година, покровител на хуманитарната претстава е компанијата ОКТА, којашто повеќе од 15 години по ред е поддржувач на овој настан.

„Златно славејче има воспоставено долга традиција и е дел од сечие детство. Тоа е момент на игра, песна, смеа и неизмерна радост. Токму затоа, сите деца треба да ја имаат подеднакво можноста да бидат дел од овој музички настан. Дадената поддршка во изминатите години и посебно детската реакција на секое фестивалско издание, само нè увери во намерата дека треба да останеме и понатаму пријател на овој фестивал“, изјави Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност.

На овој хуманитарен фестивалски ден беа присутни  децата од посебните основни училишта, „Иднина“ и „Д-р Златан Сремец“ од Скопје, „Маца Овчарова“ од  Велес, „Св. Климент Охридски“  од Струмица,  и „Симче Настески“ од Тетово, како и од Заводите за рехабилитација „Топанско поле“ и „Димитар Влахов“- за слепи лица – Скопје, Заводите за згрижување „Ранка Милановиќ“ и  „25 Мај“, децата од СОС Детско село и од Домот за деца без родители „11 Октомври“ и  многу други.



Врати се горе ↑