Видео

21 декември, 2018

„Око мое“ е новата песна и видео на Стојне Николова

Фолк-пејачката Стојне Николова деновиве го промовираше видеото за својата најнова песна насловена „Око мое“, чија музика и аранжман ги потпишува постојаниот соработник на пејачката – Бобан Мојсовски, додека стиховите се дело на проверениот лиричар, текстописецот Огнен Неделковски. Песната е снимена и продуцирана во музичкото студио „Анастасија“, а во нејзината реализација уште учествувале и Јане Рафаиловски на кларинет и Дуле Божиновски на хармоника.

Видеото за песната е реализирано од „Ин продукција“, а неговата реализација ја потпишува Ване Петковски. Истото е снимано во просторот на еден од најелитните скопски ресторани „Воденица Мулино“, а во видеото покрај џепната фолк венера и придружната група музичари, се појавуваат и членовите на ансамблот „Студио Фолклор“, кои со својатра изведба ја надополнуваат визуелната слика, давајќи им го потребниот изворен шмек и на видеото и на самата песна, која е реализирана токму во таков стил и амбиент.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑