16 јули, 2013

Охриѓаните „Бекдор бенд“ со втор видеозапис

Охридскиот рок состав „Бекдор бенд“ во изминатиот период започна со снимање на авторска музика, а по нивното првенче „На задна врата“ кое беше одлично прифатено од публиката, деновиве стигна и вториот сингл насловен „Truck & Roll“. Текстот за нумерата и сценариото за спотот се инспирирани од вистински настан, од нивната подвижна свирка на камион по повод 1 Мај, која годинава се одржа по вторпат.

Како автори на песната се потпишуваат членовите на бендот Лазе Фармакоски (музика) и Жарко Јакимоски (музика и текст), а за аудио-продукцијата се погрижи Зоран Кречо. Видеото се снимаше низ охридските улици по сценарио на момците од бендот, а за видео-продукцијата се погрижи Пеце Настевски.

 



Врати се горе ↑