Македонија

22 јули, 2017

Охриѓаните „Берел роу“ единствени Македонци на „Демофест“ во Бања Лука

Охридскиот бенд „Берел роу“ (Barrel Row) е единствената македонска група што настапува на десеттото издание на популарниот фестивал за демо бендови – „Демофест“, што деновиве се одржува во Бања Лука. Оформен во декември 2016 година, бендот брои три члена и тоа: Лазар Милошески (вокал и бас гитара), Виктор Јолакоски (гитара) и Ѓорѓи Мангоски (тапани).

Со авторската тема „Dream Off“, охриѓаните настапија на тн. бетон сцена, а вечерва, доколку успеат да се пласираат во финалето, ќе ги видиме и на главната бина. „Имавме позитивна трема пред настапот, особено поради тоа што ова е наша авторска тема и затоа што првпат настапивме пред публика од десет илјади посетители“, изјавија момците.

20139737_1409876472432280_2673199751142147771_n

Најдобрите осум демо бендови од главната бина и двата од бетон-бината вечерва ќе се натпреваруваат во големото финале за вредни награди. Најдобриот демо бенд ќе биде награден со професионално снимање и продукција на албум во износ од 3.500 евра, вицешампионот ќе освои бинска опрема од 2.000 евра, а третопласираниот ќе добие 1.000 евра за бинска опрема. И оваа година „Демофест“ врачува награда „Плави бас“, која ќе ја добие најдобриот басист на фестивалот. Нив ги оценуваат директорката на фестивалот, Бранка Јанковиќ, и познатите музичари и уметници: Зоран Предин, Скај Вилкер, Борис Лајнер, Ѓорѓе Мишиќ.

Покрај демо-бендовите, ревијално настапуваат и светски ѕвезди. Оваа година настапи познатиот панкер Марки Рамон, потоа Фанкермен, Летарг, Ки Мани Марли, синот на Боб Марли, Едо Маајка, „Лачни Франз“, „Шангај стриг фајт“… На финалето вечерва во ревијалната програма ќе настапат: „Дубиоза колектив“, „Рудиментал“, минатогодишниот победник „Сејн“, специјалните гости „Заа“ и „Морт“, како и „Бед копи“ , „Пројект ракија“ и „Сопот“.

Извор: Нова Македонија



Врати се горе ↑