Македонија 10670235_10152842642947459_1235490181886326454_n

15 декември, 2014

Охриѓаните „Бекдор бенд“ сè поблиску до победа на „Глобал рок стар“

Како што Ви пренесовме неодамна, охридскиот рок состав „Бекдор бенд“ и оваа година ја претставува Македонија на светскиот музички натпревар во организација на www.globalrockstar.com, на кој учествуваа претставници од 196 држави и 6 учесници со вајлд карта. Охридските рокери, кои влегоа во конкуренција со темата „Truck & Roll“, успеаја да се пласираат меѓу 16-те најдобри!

„Внимание, внимание! Започнува големото финале на најголемиот светски интернет музички натпревар во организација на www.globalrockstar.com, каде што ’Бекдор бенд’ по долга борба, во која учествуваа претставници од 196 земји и после неколку елиминациони кругови, успеа да стигне до големото финале (меѓу 16-те најдобри во целиот свет) и да ја претставува Македонија во истото! Да му покажеме на целиот свет дека со заеднички сили можеме да се обидеме да стигнеме до самиот врв! Потребни се вашите гласови на следниов линк: www.globalrockstar.com/arena 

Се логирате преку Фејсбук или е-меил, па во арената гласате за рандом дуели и нормално давате глас за тие што имаат помалку поени сè додека не стигнете до нашето видео и за нас пожелно е да гласате од Фејсбук или Твитер. Доволно е да одвоите 2-3 минути во денот и да го дадете својот глас за македонскиот претставник во финалето на ова светско натпреварување. Се гласа на секои 24 часа, гласањето трае до сабота, 20.12.2014 година, на пладне.

Огромна благодарност од мое и името на на THE BACKDOOR BAND!!! FOR THOSE ABOUT TO ROCK , WE SALUTE YOU !!!“, пишува во соопштението на фан страницата на бендот.

 



Врати се горе ↑