25 април, 2016

Охриѓанецот Мартин Милески со одлична инструментална преработка на „Кој да ми запее“ од Каролина

Талентираниот охридски музичар Мартин Милески деновиве го промовираше својот прв видео запис за одличната инструментална преработка на нумерата Кој да ми запее од Каролина Гочева. Милески, кој на охридската јавност ѝ е познат по неговите преработки на бројни светски хитови пред сè од рок музиката, за видео записот соработуваше со Николче Мицески и Весна Малинова.

„Видеото беше во изработка седум недели, мошне долго време и беше макотрпна работа. Како камерман ми беше Кристијан Љушев, монтажер ми беше Влатко Дојчиноски со кого работам веќе долго време, песната всушност ја имаме преработено во видео запис како девојче што шета низ Охрид и ги открива неоткриените убавини на Охрид, тоа прекрасно девојче е Мартина Балеска, која ќе имате можност да ја запознаете. Во практика го следевме текстот од песната, за да се изработи видео записот“, откри Милески, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

13048174_1337332269613925_6318353729827305314_o

Извор: tvm.mk ; Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑