Видео 12208588_10206841030476759_5837400728930751710_n

18 ноември, 2015

Охриѓанецот Богдан Василевски со уште една одлична македонска преработка

Талентираниот охриѓанец, кој го привлече вниманието на јавноста со одличните преработки на најпознатите македонски хитови, Богдан Василевски повторно нè изненади со ново видео. Во последните две недели во „Sustain Studio“ во Охрид, Богдан работеше на овој нов проект заедно со добро познатиот режисер Даниел Јовески.

„Станува збор за преработка на хитот Душа малечка на Роберт Пирнер, кој го направивме со цел да ги мотивираме младите да слушаат повеќе македонска музика, а старите да се потсетат на истата“, вели Василевски, кој е познат и по многубројните настапи низ државата, музичките преработки, како и по акцијата „Слушајте македонска музика 1 и 2“.

„Главна професија ми е електроенергетиката, но сето ова го работам од хоби и со цел да ги расположам луѓето околу мене“, додава тој.

Даниел Јовески, пак, има соработувано со многу ѕвезди во Балканов. Добитник е на три награди за најдобри режии во Косово и Албанија, каде што е многу присутен, но исто така во последниве три години е максимално присутен како директор на режија во спотовите на најдобрите изведувачи од македонската естрада (Лозано, Тајзи, Елена Ристеска, Боби Мојсоски и др.)

„И двајцата сме од Охрид и само го чекавме денот кога ќе сработиме некој заеднички проект“, заклучи охриѓанецот, а како звучи неговата верзија на „Душа малечка“ од Роберт Пирнер можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑