Видео

15 октомври, 2018

Огнен Здравковски освои награда и сними видео за „Разбуди ме“

Огнен Здравковски го претстави видеото за својата нова песна насловена „Разбуди ме“, која е авторско дело на композиторот Григор Копров, аранжерот Саша Николиќ и текстописецот Филип Неделковски. Снимена во прекрасниот Охрид, визуализацијата ја реализираше продукцијата „НТ ентертејнмент“, под режисерската палка на Ненад Јаковљевиќ, а на Огнен друштво му прави колешката Анастасија Аврамовска, чија кариера исто така зема сè поголем залет.

Ииии драги пријатели со голема чест и задоволство ви го претставувам мојот нов спот за песната "Разбуди ме". Слушнете и…

Gepostet von Ognen Zdravkovski am Sonntag, 14. Oktober 2018

 

Младиот пејач, кој со темата „Солзасе натпреваруваше на неодамна одржаниот „Макфест 2018“, викендов настапи и на фестивалот „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои наградата за најдобра сценска изведба.

Nagrada za "NAJDOBRA SCENSKA IZVEDBA"!!! Uste ednas golema blagodarnost do Petrich i cela organizacija na festivalot "Zlaten Kesten"… 🙏❤🇧🇬🇲🇰

Gepostet von Ognen Zdravkovski am Samstag, 13. Oktober 2018

 

Наградата ја доби токму за изведбата на темата „Разбуди ме“, а како изгледа нејзиното официјално видео дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑