Аудио ogi bring it down

5 март, 2013

Огнен Трпески најавува албум на англиски јазик

Откако ја освои Америка со своите уникатни дизајни, младиот охриѓанец најавува музички албум на англиски јазик! Еден од најуспешните млади македонски дизајнери, охриѓанецот Огнен Трпески кој живее, дипломираше и работи во Америка ја сними својата прва англиска песна која го носи насловот Bring it down“. За музиката и аранжманот се погрижи Даниел Јовески (Sustain Entertainment), а текстот го нашиша Огнен.

Младиот Огнен Трпески на музичко поле зад себе има македонски албум кој го носи насловот Фантом, а на него, се наоѓа и песната Магичен Круг која е снимена во дует со Андреј ДНК. Како дизајнер, победи на неколку големи избори во Америка, меѓу кои и „Националниот избор за дизајн за светската кампања против глад“ кој му донесе голема слава и зголемена побарувачка за неговите уникатни дизајни.

Дел од неговото богато портфолио може да се погледне на неговата официјална веб страница www.ognentrpeski.com



Врати се горе ↑