19 ноември, 2013

Огнен Трпески ја претстави „One Love“

Македонецот што го освои светот со својот дизајн, Огнен Трпески во студиото Сустејн Ентертејмент на Даниел Јовески сними песна на англиски јазик, а темата насловена „One Love“ е авторско дело на Даниел Јовески кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на самиот Огнен Трпески – Оги. Видео записот е во американски стил со едноставна приказна во која се остава да превладаат емоциите на Огнен. Песната веќе е дистрибуирана на повеќе од 1000 радиостаници низ Америка.

Огнен Трпески е првиот Македонец кој со свој дизајн победил на национален натпревар за дизајн во Америка. Дизајни со неговиот потпис има насекаде низ Америка, тој успеа да победи на најголемите натпревари и своите дела да ги пласира во најголемите трговски центри и маркети. Неговиот најголем успех во дизајнот е токму Кампањата против глад која се одржува на глобално ниво, а е организирана од најголемите маркети во Америка.

Во својата музичка кариера Огнен досега има снимено еден студиски албум на македонски јазик во кој има и дует со Андреј од ДНК. Неговата следна цел е да сними студиски албум на англиски јазик со цел својата музика да ја претстави пред светот.



Врати се горе ↑