Македонија

5 јуни, 2019

Огнен и Мартинијан во финалето на „Ѕвездите на Гранд“!

Последните двајца Македонци што се натпреваруваат во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравковски и Мартинијан Кириловски успеаја да стигнат до големото финале на популарното шоу! Талентираните пејачи се натпреваруваа и во претходната сезона, но не стигнаа до оваа главна фаза од натпреварот, напуштајќи го истиот во петтиот круг.

Тие ја споделија среќната вест преку социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на своите менторки Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, но и на сите што ги поддржуваат во остварувањето на нивните соништа.

View this post on Instagram

ODIME VO GOLEMOTO SUPER FINALE!!! SREKJEN DO NEBO!!!🔥🔥🔥🙏😀 ————————————————————- IDEMO U VELIKO SUPER FINALE!!! SREĆAN DO NEBA!!! 🔥🔥🔥🙏😀 DO NEBA HVALA MOM NAJBOLJEM MENTORU @karleusastar ❤ KAKO I MOM TIMU @miraskoricofficial & @ivanapeters ❤ NAJBOLJA KOREOGRAFIJA @zilenium VELIKO HVALA! ❤ SPECIAL THANKS TO: @divaio.boutique @megakumanovo @kumanovo.city @persin_kumanovo @kristijanpersinn #martinijankirilovski #zvezdegranda #jelenakarleusa #grandprodukcija #grandproduction #jkteam #jk #show #showmustgoon #finale #final #singing #sing #menstyle #menstylefashion #balkan #makedonija #srbija #crnagora #slovenia #croatia #bosna

A post shared by Martinijan (@martinijankirilovski) on

Интересно е тоа што Огнен во следната епизода која ќе се емитува оваа сабота, на 8 јуни, ќе го видиме заедно со Тијана Дапчевиќ, која ќе го придружува на виолончело. „Македонци на иста сцена во Србија“, напиша пејачот споделувајќи фотографија од снимањето.

Настапите на Огнен и Мартинијан можете да ги погледнете во продолжение:



Врати се горе ↑