Аудио daft-punk-get-lucky-612x612

19 април, 2013

Официјално првиот сингл на Дафт Панк – „Get Lucky“

По бројните „фан микс“ верзии на новата песна од Дафт Панк, конечно и официјално е претставен првиот најавен сингл од новиот албум „Random Access Memories“, закажан за 21-ви мај. Песната „Get Lucky“, која ја претставија за време на Coachella фестивалот во Калифорнија, вчера беше објавена на интернет, односно пократката радиска верзија која трае околу четири минути.

Вокалот е на Фарел Вилијамс, а на гитара е добро познатиот Најл Роџерс. Нумерата е поставена и на АјТјунс и на МП3 продавницата на Амазон, благодарение на етикетата Колумбија. Во продолжение слушнете ја официјалната радиска верзија на „Get Lucky“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑