Македонија

13 февруари, 2018

Официјално: „Ај кју“ се нашите претставници за „Евровизија 2018“

„Lost And Found“ е песната со која популарната македонска група „Ај кју“ ќе ги брани боите на нашата земја на 63. издание на „Евровизија“ што ќе се одржува од 8 до 12 мај во Лисабон. Веста беше соопштена денеска на официјалната веб-страна на МРТ, каде што се вели дека „комисијата одлучи дека песната „Lost Аnd Found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата ’Ај кју’, којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска.“

Имено, на 10 февруари во просториите на МТВ се одржала селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик што заврши на 8 февруари, а за сето тоа одлучувала комисијата во состав: Мери Попова – координаторка на проектот „Евровизија 2018“ и уредничка на Културно-уметничка програма на МТВ1, Каролина Петковска – уредничка на Редакција за контактно-забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредничка и водителка на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно-уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музичка новинарка и критичарка, Андријана Јовановска – музичка новинарка во „Репортер МК“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски – одговорен уредник во „Вистина МК“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал“.

„Во процесот на подготовка за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од селекционата комисија.за етикетата „Краун рекордс“ (Crownn Records), со која „Ај кју“ потпиша договор за Европа и Северна Америка, а ќе го дистрибуира „Пивател дистрибјушн“ (Pivatell Distribution).

Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.

По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната ’Lost Аnd Found’ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Ај кју“, којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска.

Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата ’Ај кју’“, пишува во соопштението на МРТ.

Сè уште нема информации околу датумот за промоција на новата песна, а како што е веќе познато, бендот ќе настапи во втората половина од првата полуфинална вечер на 8 мај. Групата периодов е на турнеја низ Македонија, во чии рамки го промовира материјалот од својот трет студиски албум „Сепак ми е забавно“, чие излегување е закажано за утре, 14 февруари, за етикетата „Краун рекордс“ (Crownn Records), со која „Ај кју“ потпиша договор за Европа и Северна Америка, а ќе го дистрибуира „Пивател дистрибјушн“ (Pivatell Distribution).

Извор и фотографија: МРТ



Врати се горе ↑