Македонија prva-pres-konferencija-Makfest-2013-23092013-2

24 септември, 2013

Одржана првата прес конференција за Макфест 2013

Во хотелот Александар Палас се оддржа првата, традиционална прес конференција за фестивалот на музика „Макфест 2013“. Пред присутните новинари, беа објавени имињата на учесниците кои годинава ќе настапат во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, на 28-мото издание на најпознатиот македонски музички фестивал, пишува на официјалната веб страна на  Општина Штип. На средбата со новинарите, во име на организаторот, Општина Штип, зборуваше градоначалникот Илчо Захариев.

„Долго време мислев дека фармацијата е универзална бидејќи постојат лекови кои се насекаде исти, но заклучувам дека музиката е сепак најголемата и најсилната универзална вистина, бидејќи петолинието и музчкиот клуч се исти насекаде низ светот. Ние како општина, самостојно ќе го организираме фестивалот, и се надеваме дека ќе направиме се, за да го вратиме на старите патеки изјави градоначалникот Захариев.

За уметничкиот директор Драган Мијалковски, одзивот на сите автори е доказ дека постои интерес за шлагерот: Нашата тенденција е да се вратиме во времето кога шлагерот доминираше на Макфест и од тие години имаме незборавни хитови. Морам да напоменам дека со сите автори имав одлична соработка и изразија подготвеност да учествуваат на фестивалот и заеднички да направиме се, за да го зачуваме овој важен музички настан.“ – изјави Мијалковски.

Меѓу авторите на 25-те композиции кои ќе ги слушнеме годинава се Григор Копров, Огнен Неделковски, Ристо Самарџиев, Илија Ќосевски, Кристијан Габроски, Јован Јованов, Александар Масевски, Кристина Арнаудова, Петар Димовски, Горан Милошевски, Боби Серафимовски и други, а изведувачите кои ќе запеат на макфестовската сцена се Кристина Арнаудова, Маја Вукичевиќ, Игор Митровиќ, Сања Лефкова, Филип Филиповски (Некст Тајм), Игор Шаревски, Марија Бунда, Александра Јанева, Горан Наумоски, Наталија Мејанџиева и други.

На прес конференцијата беше претставена и макета од тоа како ќе изгледа сцената на годинашниов Макфест 2013, кој ќе се оддржи на 11-ти и 12-ти октомври. Холандски поп изведувач ќе има свое 15 минутно претставување првата вечер, додека на финалето гости се бугарското дуо Ша-Ша.

Извори и фотографииradiostip.com.mkstip.gov.mk



Врати се горе ↑