Настани DSCN2987a

23 јуни, 2015

Одржан првиот слем натпревар во Велес

Викендов, за прв пат во градот Велес се одржа слем натпревар, шести по ред за оваа година во организација на поетри-слем тимот од Македонија. Настанот беше најавен дека ќе се одржи на вагон паркиран на железничката станица, но поради временските услови се одржа во затворен простор, во библиотеката „Гоце Делчев“.

Пред велешани настапија организаторите Елена Пренџова и Игор Трпче и коорганизаторите за градовите Тетово и Кавадарци, Перо Сарџоски и Цвета Колева, како и десетина учесници од повеќе градови од Македонија: Анѓела Милевска, Лиле Јовановска, Кети Јованова и Снежана Стојчевска од Скопје, Воислав Пехчевски од Берово, Жаклина Филипова- Свеќаровска од Кочани, Коста Карев од Гевгелија, Симона Илиевска- Нечковска од Битола и Надица Тренчева и Славица Карова од Кавадарци.

Тричленото жири избрано од публиката за победничка ја избра Снежана Стојчевска, а второ место освои Славица Карова, додека Коста Карев беше трет. Настанот беше поддржан од општината Велес, а коорганизаторка беше Анита Ристова со помош на директорот на библиотеката, Игор Крајчев.



Врати се горе ↑