Галерија FLAER DVOSTRAN PRILEP 2015 (1)

8 јуни, 2015

Одржан 4. традиционален „Поетри слем“ во Прилеп

Викендов, на камената бина на плоштадот во центарот на Прилеп по четврти пат се одржа традиционалниот слем натпревар во организација на поетри-слем тимот од Македонија, на кој, покрај организаторите Елена Пренџова и Игор Трпче, настапија и коорганизаторите за градовите Тетово и Кавадарци, Перо Сарџоски и Цвета Колева, како и десетина учесници од повеќе градови од Македонија.

Вечерта заврши со отворен микрофон на кој настапија уште неколкумина, вклучувајќи го и рокерот Канго, кој во својот добро познат стил им се обрати на присутните рецитирајќи дел од своите рок стихови, но и подзапеа „на суво“. Неговиот настап во историјата на слемот во Македонија е забележан како првиот free style настап на изведувач, а истовремено е значаен и како интеракција на рокот со слемот, вмрежување кое не е толку често, како на пример што е случајот со рапот и слемот. Канго го освои првото место, освојувајќи максимални поени од публиката, а останатите две места им припаднаа на Драгица Здравеска и Тони Павлески, и двајцата од Прилеп.

Драгица Здравеска

Здравеска која го освои второто место, е повеќекратна победничка на слемовите низ Македонија, настапувајќи уште од почетоците на слемовите од пред неколку години. Павлески, кој го освои третото место и кој во Македонија, е познат како еден од најдобрите хаику мајстори чии хаику творби повеќе пати се наградувани и надвор од нашата земја, овој пат го насочи својот настап во вистинска слем насока, не само со рецитирањето и изведбата, туку и со природата, па и содржината на текстот. Гости на вечерта беа Ана Голејшка и Ѓоко Здравески, односно мајката и таткото на „Астални проекции“.

„Астални проекции“

 Александар Станојков, Штип

 Александра Атанасова, Радовиш

Цвета Колева, Кавадарци

Елена Пренџова

Гоце Ф. Димитриоски, Прилеп 

Игор Трпче

Коста Карев, Гевгелија

Перо Сарџоски

Славица Карова, Кавадарци

Фотографии: Бојана Артиновска



Врати се горе ↑