Свет BRITs2013-logo

9 декември, 2012

Одредени номинациите за „Critic’s Choice“

Објавени се номинациите за  Critic’s Choice наградата која се доделува во рамките на Британските музички награди. Тоа се: АлунаЏорџ, Том Одел и Лора Мвула. Добитникот на наградата, која минатата година ја освои Емели Сандe (Emeli Sandé), ќе биде објавен на 20 декември. Наградата ќе биде доделена за време на Британските музички награди во февруари.

Проектот АлунаЏорџ (AlunaGeorge), составен од пејачката Алуна Френсис и продуцентот Џорџ Рид, годинава го привлекоа вниманието врз себе со нивните нумери под влијание на р&б и електрониката – „You Know You Like It“ и „Your Drums, Your Love“. Поранешниот музички студент од Брајтон, Том Одел стекна свои обожаватели годинава, а во ноември го имаше своето концертно деби во „Later… With Jools Holland“. Лора Мвула (Laura Mvula) често ја споредуваат со Нина Симон, Бјорк и Џорџ Гершвин.

Британските музички награди ќе бидат доделени на 20-ти февруари следната година во Лондон. Номинациите за останатите награди сè уште не се објавени, но потврдени гостувања на изведувачи кои ќе се претстават со нивните музички парчиња се: Емели Сандe, Уан Дајрекшн, Рита Ора, Лана Дел Реј, Ели Гулдинг, Мамфорд енд Санс, Грлс Алауд, Лабиринт и Ед Ширан, Д Килерс, Џеси Џеј и Ријана.



Врати се горе ↑