Балкан

30 јануари, 2019

Одлично прво доделување на регионалните музички награди МАС 2019, еве ги и победниците

Единствена победничка од Македонија е Каролина

Во арената „Штарк“ во Белград синоќа се одржа првото доделување на регионалните музички награди „Мјузик авордс серемони“ или МАС 2019, а благодарение на организаторите од продукцијата „Скај мјузик“, четиричасовниот настан беше вистински спектакл со врвен квалитет, по теркот на светските настани од овој тип, па публиката можеше да ужива со одлично осмислените настапи на најголемите музички ѕвезди од регионот.

Секако дека манифестацијата започна на црвениот килим, каде што продефилираа преку 200 познати личности, вклучувајќи ја и нашата Каролина Гочева, која беше и единствената Македонка што настапи на доделувањето. Таа беше номинирана во категоријата најдобра етно-песна за темата „Ти не дојде“, за која ја освои наградата од публиката.

Новинарите на црвениот килим се пожалија дека веќе подолго време не запеала ништо на српски јазик, како што тоа го правеше со претходните поп-изданија, на што Каролина одговори дека „Македонско девојче“ и „Извор“ најубаво и најавтентично звучат на македонски и нема потреба од препев на други јазици, а доказ за тоа е и освоената награда токму од публиката.

На сцената во арената „Штарк“ (кој во живо, кој на плеј-бек) настапија и: Марија Шерифовиќ, Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Петар Грашо, Наташа Беквалац, Бајага и Инструктори, Раста, „Ван Гог“, Тони Цетински, Масимо Савиќ, Аца Лукас, Јелена Карлеуша, „Плави оркестар“, Стјепан Хаусер, Емина Јаховиќ (со Жељко Јоксимовиќ), Сергеј Четковиќ, Тончи Хуљиќ и Јелена Розга (со песни од „Магазин“), „Тропико бенд“, „Лету штуке“, „Лолобриџида“ и „Вива вокс“.

Од вкупно шесте македонски изведувачи што беа номинирани во 13-те категории, награда освои само Каролина, која во категоријата за најдобра етно-песна се натпреваруваше и со колегите „Некст тајм“ за нивната „Слушам кај шумат шумите“, а без награда останаа и „Ај кју“, „Фанк шуи“, Сара Мејс и Лина Пејовска.

Како што е познато, за победниците одлучуваа и публиката и радијата од регинот, така што речиси секоја категорија имаше по два победника. По еден победник имаше категоријата за најдобар концерт, каде што публиката, радијата и стручните жирија го изгласаа Аца Лукас, како и категоријата за најдобро музичко видео, кое отиде во рацете на Емина Јаховиќ и Милица Тодоровиќ за нивната „Лимунада“, додека за најдобар нов изведувач беше прогласена младата српска пејачка Марија Жежељ.

За машки изведувач на годината, пак, беше прогласен Тони Цетински, а за женски изведувач на годината Марија Шерифовиќ, додека специјалната златна награда за посебност и поинаков придонес за музиката ја доби едната половина од светски познатото хрватско дуо „Ту челос“ – Стјепан Хаусер.

Специјалната награда за особен придонес и афирмирање на музиката во регионот, која ја доделија македонските актерки Јана и Ана Стојановски, а отиде во рацете на легендарниот Жељко Самарџиќ, со кого македонската публика ќе може да се дружи на 16 февруари во „Борис Трајковски“, додека со признание за посебен придонес во афирмирањето на музиката во регионот се закити тимот на фестивалот „Егзит“, кој е еден од водечките музички фестивали во светот, а повеќепати бил и прогласуван за најдобар во Европа.

Како што беше соопштено претходно, сите собрани средства од телефонското гласање и од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели, односно за хуманитарната организација УНИЦЕФ, која ќе ги распредели средствата ширум земјите од регионот. Но, гласањето продолжува уште цел месец, а публиката овој пат ќе може да гласа за својот омилен настап од манифестацијата, па доколку го пропуштивте преносот во живо, целиот настан можете да го прегледате на Јутјуб.

Сè на сè, навистина одлично прво доделување на регионалните музички награди и се надеваме дека истото ќе прерасне во традиција. Водители на настанот беа Џуле од „Ван Гог“, Ида Престер од „Лолобриџида“ и Аида Јокановиќ, а комплетниот список со победници ве очекува во продолжение.

Најдобра поп-песна од машки изведувач
  1. Петар Грашо – Ако те питају – ПОБЕДНИК СПОРЕД РАДИЈАТА
  2. Саша Ковачевиќ – Без тебе ме нема
  3. Сергеј Четковиќ – Истине и лажи
  4. Тони Цетински – Генерал без чинова
  5. Здравко Чолиќ – Ничег није било
  6. Жељко Јоксимовиќ – Милиметар – ПОБЕДНИК СПОРЕД ПУБЛИКАТА
Најдобра поп-песна од женски изведувач
  1. Александра Радовиќ – Љубави моја – ПОБЕДНИЧКА СПОРЕД РАДИЈАТА
  2. Емина Јаховиќ – Друга
  3. Јелена Розга – Узмем колико ми даш – ПОБЕДНИЧКА СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  4. Јелена Томашевиќ – Добро јутро љубави
  5. Марија Шерифовиќ – Није љубав то
  6. Северина – Као
Најдобра поп-песна од бенд
  1. Бане Лалиќ и МВП – Љуља се брод
  2. Ај кју – Мојот крал
  3. Лексингтон бенд – Босанка – ПОБЕДНИК СПОРЕД РАДИЈАТА
  4. Неверне бебе – Дориа
  5. Тропико бенд – Ако ти је до мене – ПОБЕДНИК СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  6. Учитељице – Капетане хвала
Најдобра алтернативна и електро-поп песна
  1. Дубиоза колектив – Ријалити
  2. Ајри ФМ – Путеви
  3. Невена Божовиќ – Јасно ми је – ПОБЕДНИЧКА СПОРЕД РАДИЈАТА
  4. Нипл-пипл – Никада – ПОБЕДНИЦИ СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  5. Сара Јо – Немам времена за то
  6. Сара Мејс – Небо
Најдобра соработка
  1. Џанс, Јанг Полк и Ем-Си Стојан – Бурж Калифа
  2. Емина Јаховиќ и Милица Тодоровиќ – Лимунада
  3. Емина Јаховиќ и Жељко Јоксимовиќ – Два авиона – ПОБЕДНИЦИ СПОРЕД РАДИЈАТА
  4. Јелена Карлеуша и Аца Лукас – Банкина – ПОБЕДНИЦИ СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  5. Маја Беровиќ и Буба Корели – Право време
  6. Милан Станковиќ, Џала Брат и Буба Корели – Его
Најдобра рок-песна
  1. Бајага и Инструктори – Било би лако – ПОБЕДНИК СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  2. Фанк шуи – Виулица
  3. Миле Кекин – Рено 4
  4. Парни ваљак – Вријеме – ПОБЕДНИК СПОРЕД РАДИЈАТА
  5. Рибља чорба – Да тебе није
  6. Забрањено пушење – Нова година
Најдобра модерна денс-песна
  1. Буба Корели – Баленсијага
  2. Магла бенд – Само се ноћас појави – ПОБЕДНИК СПОРЕД РАДИЈАТА
  3. Маја Беровиќ – Нека ствар
  4. Милан Станковиќ – Транс
  5. Николија – Нема лимита
  6. Раста – Адио аморе – ПОБЕДНИК СПОРЕД ПУБЛИКАТА
Најдобра етно-песна
  1. Биља Крстиќ и Бистрик оркестар – Ioane Ioane
  2. Божо Вреќо – Елма
  3. Каролина Гочева – Ти не дојде – ПОБЕДНИЧКА СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  4. Марко Луис – Еуридика
  5. Некст тајм – Слушам кај шумат шумите
  6. Сања Илиќ и Балканика – Нова деца – ПОБЕДНИЦИ СПОРЕД РАДИЈАТА
Најдобра модерна и традиционална фолк-песна
  1. Ацо Пејовиќ – Фатална доза – ПОБЕДНИК СПОРЕД РАДИЈАТА
  2. Адил – Веруј и нас
  3. Лапсус бенд – Фолираш
  4. Лепа Брена – Срећна жена
  5. Милица Павловиќ – Оперисан од љубави – ПОБЕДНИЧКА СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  6. Саша Матиќ – Све би ја и ти
Најдобра хип-хоп/рап-песна
  1. Београдски синдикат – Неуништиви мозак
  2. Фокс – Fuccboi
  3. Мими Мерцедес – Финансијски фетиш
  4. Сенида – Слаѓана – ПОБЕДНИК СПОРЕД ПУБЛИКАТА
  5. Суриал – Хоћу с тобом да се смувам
  6. Ху-Си – Насеље – ПОБЕДНИК СПОРЕД РАДИЈАТА
Најдобар нов изведувач
  1. Анастасија Ражњатовиќ
  2. Бојана Вунтуришевиќ
  3. Кија
  4. Лина Пејовска
  5. Марија Жежељ – ПОБЕДНИЧКА
  6. Марко Кутлиќ
Најдобро музичко видео
  1. Емина Јаховиќ и Милица Тодоровиќ – Лимунада – ПОБЕДНИЧКИ
  2. Лепа Брена – Срећна жена
  3. Марија Шерифовиќ – 11
  4. Милан Станковиќ – Транс
  5. Сара Јо – Лава
  6. Саша Ковачевиќ – Без тебе ме нема
Најдобар концерт
  1. Аца Лукас – арена „Штарк“, Белград, 29.04.2017 – ПОБЕДНИК
  2. Дубиоза колектив – „Ташмајдан“, Белград, 30.06.2018
  3. Џорџе Балашевиќ – арена „Штарк“, Белград, 30.12.2017
  4. Марија Шерифовиќ – арена „Штарк“, Белград, 24.05.2018
  5. Саша Матиќ – арена „Штарк“, Белград, 08.03.2018
  6. Жељко Јоксимовиќ – „Сава центар“, Белград, 01.12.2017

Награда за посебен придонес и афирмирање на музиката во регионот – Жељко Самарџиќ

Машки изведувач на годината – Тони Цетински

Женски изведувач на годината – Марија Шерифовиќ

Златна награда за посебност и поинаков придонес кон музиката – Стјепан Хаусер

И.Ј. / Фотографии: Јутјуб



Врати се горе ↑