Аудио oz-vmjlj-videostill

8 април, 2015

Одлично првенче на Огнен Здравковски од „Сите наши песни“

Младиот Огнен Здравковски, кој го знаеме од серијалот „Сите наши песни“ и „Ѕвездите на Пинк“, се осмели да направи посериозен чекор во кариерата и ја објави својата прва песна „Врати ми ја љубовта“. Музиката и текстот се дело на маестро Зоран Џорлев, а песната е комплетно во боса нова шлагерски стил. Аранжманот е на неговиот долгогодишен пријател и соработник Бедрија Синановски Беџо. Снимана е под будното око на Александар Митевски, а придружните вокали ги испеаја одличните Ана Костадинова и Сара Николовска. Во песната своја соло делница има маестро Џорлев на виолина, но и Зоран Крагуевски на саксофон.

Огнен му е инаку внук на Зоран Џорлев, син на неговата сестра која долго време беше дел од „Ансамблот Џорлеви“. За песната се очекува снимање на видео запис, а Огнен ќе настапи во јуни и на Макфест. Зад младиот Огнен Здравковски целосно застана „СТ продукција“.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑