11 декември, 2013

Одлично македонско „Џез сценарио“!

Градот на конзулите не само што е еден од најопеаните македонски градови, туку е и лулка на музички таленти. Уште еден доказ за тоа се и момците од бендот Џез сценарио кои штотуку ја претставија својата преработка на познатиот џез хит „Lullaby of Birdland“ од 1952 година, чии автори се пијанистот Џорџ Ширинг и текстописецот Џорџ Дејвид Вајс. Низ годините оваа композиција ја снимиле бројни музичари меѓу кои Ела Фицџералд, Шака Кан, Ејми Вајнхаус и многу други.

Бендот Џез сценарио е составен од Вангел Мажевски (пијано), Денис Алитовски (вокал), Методија Здравевски (гитара), Дарко Бошков (бас гитара), Методија Мешковски (тапани), Марјан Будиноски (алт саксофон), Диме Цветковски (труба), Гоце Костурски (тромбон) и Горан Мицевски (тромбон), а во нивната изведба на „Lullaby of Birdland“ можете да уживате горе.

 



Врати се горе ↑