Балкан IMG_7708

25 август, 2015

Одлично 3. издание на фестивалот „Сонус“ во Хрватска

Десетици илјади посетители од неделата до петокот се забавуваа на годинешното издание на фестивалот „Сонус“ во Хрватска. Ни дождот, кој неуморно паѓаше два дена, не успеа да ги спречи расположените гости да дојдат и да ги слушнат настапите на своите омилени диџеи и да се забавуваат од попладневните до раните утрински часови на плажата Зрќе, на островот Паг. Во 5 фестивалски дена и ноќи настапија повеќе од 70 диџеи во клубовите „Папаја“, „Аквариус“ и „Калипсо“, како и на забавите на бродови.

Настапија најголемите ѕвезди на електронската сцена: Ричи Хотин, Диксон, Локо Дајс, Џозеф Капријати, Џон Дигвит, Марко Каола, Свен Ват, Лучијано, „Тејл оф ас“, Рикардо Виљалобос, Крис Лајбинг, Сет Трокслер, „Мартинез брадрс“, Раду, Пен-Пот, Матадор, Мартин Бутрич, Гај Гербер, Ејм, Џејми Џонс, Аполонија, Валентина Канзијани, Гути, Лен Факи, Ник Фанчиули, Моника Круз и уште многу други. Од хрватската сцена свои сетови имаа Марина Карамарко, Маријано Матељан, Фелвер, Сергеј Снуз, Мими, Лабуд, Јан Кинчл Зеро и Хоумбој.

Огнометот беше вистинско изненадување за последниот ден од фестивалот, а дополнителната забава со Рикардо Виљалобос, Соња Мунир, Зип и останатата постава во „Club Der Visionare“ го обележа целиот петок. „Сонус“ е фестивал кој ни артистите ни посетителите не сакаа да заврши.

 

 



Врати се горе ↑