Галерија Beat Event 4

16 јуни, 2014

Одлична журка на Слаткаристика, Тајзи, Future INC и диџеј Андреј Ѓошев во Битола

Во саботата, на 14 јуни, на ракометното игралиште во Битола се случи Beat event #1. Главни ликови за одличната атмосфера вечерта беа Слатакаристика со својот познат енергичен настап кој не ја остави публиката мирна и Тајзи кој не ги остави рамнодушни сите присутни битолчани.

И покрај лошото време и обилните врнежи од дожд пред почетокот, на ова музичко случување дојдоа повеќе од 2000 луѓе кои уживаа од почеток до крајот на првиот Beat Event.

Настанот започна со диџеј Андреј Ѓошев, продолжи со диџеј Че и Аце НЛ, за да следуваат Тајзи и Слаткаристика. Beat Event заврши во 1 часот по полноќ со атрактивното, електронско дуо Future Inc.

Слаткаристика, премиерно пред битолчани го изведе и неговиот нов сингл „Дими џам” во кој му гостуваат Тајзи и Ферус Мустафов, а истиот официјално заедно со видео запис ќе излезе во текот на другата недела.



Врати се горе ↑