17 јули, 2014

Одлична соработка на Петар Маркоски и Горан Папаз

Талентираниот охриѓанец Петар Маркоски, кој е познат по учеството во потратата по ѕвезди на М2 продукција, неодамна ја промовираше својата нова песна во која гостува добро познатиот виртуоз на сакасофон, Горан Папаз. Песната насловена „Еден живот“ со одличниот ритам сигурно ќе биде голем летен хит, а е потпишана од самиот Маркоски (музика и текст) со помош на Даниел Јовески и Вулнет Ибраими кои се погрижија за аранжманот, миксот и мастерингот. Јовески заедно со камера асистентите Ристе Филипов и Глигор Плевнаровски се погрижија за екранизацијата на песната, во која покрај Петар и Папаз се појавува и Моника Коцарева, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

 

 



Врати се горе ↑