Аудио nina-papaz

10 февруари, 2016

Одлична соработка на Горан Папаз и Нина Јанева

Познатите музичари Горан Папаз и Нина Јанева решија да ги здружат силите во заедничка песна, а како резултат од оваа соработка се роди темата насловена „Never Fall In Love“. Песната е направена во EDM стилот (електронска денс музика), музиката заеднички ја напишаа Папаз и Александар Масевски, кој се погрижи и за текстот, аранжманот и продукцијата.

Папаз, Нина и Масевски се презадоволни од резултатот од заедничкиот труд и не ја исклучуваат можноста за понатамошна соработка на нов проект. Оваа тема наскоро ќе добие и свој видео запис, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑