Аудио papaz-tavitjan

13 октомври, 2014

Одлична соработка на Горан Папаз и Диран Тавитјан; Слушнете ја „Засекогаш“

По заедничките теми со Тони Зен и Петар Маркоски, виртуозот на саксофон, Горан Папаз, продолжува да соработува и со други колеги од музичката сцена. Љубовната песна со наслов „Засекогаш“, Папаз ја сними заедно со реномираниот пијанист Диран Тавитјан, а како автор се потпишува продуцентот Александар Масевски.

„Засекогаш“ би требало да се најде на долгоочекуваниот прв албум на Папаз, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Оливер Ѓориќ



Врати се горе ↑