Аудио 10248927_10202936413525722_1862152528_n

17 април, 2014

Одлична соработка на Даз Флоу и Евгенија Чанчалова

Хип-хоп артистот кој внесува нова енергија на македонската хип-хоп сцена, Даз Флоу деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Разделба“ во која гостува талентираната кумановка и победничка на емисијата „Сите наши песни“ – Евгенија Чанчалова. Интересно е тоа што како автор на музиката и аранжманот се потпишува Дарко Илиевски, додека текстот го напиша самиот Даз Флоу. Песната е претставена заедно со текстуален видео запис за кој се погрижи Гордан Божиновски, а како звучи оваа „Разделба“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑