16 мај, 2015

Одлична преработка со кавал на рок класиката „Ако ми дадеш“

Кочанскиот рок бенд „Џамп“ (The Jump) направи одлична преработка на рок класиката „Ако ми дадеш“ од „Бадмингтонс“, а интересно е тоа што нивната верзија е збогатена со кавал и е одлично освежување на рок сцената. Комплетната реализација на видео записот е на продукцијата „Флај видео“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, составот „Џамп“, во кој членуваат Зоран Милорадовски (вокал и кавал), Ангел Арсов (гитара), Мартин Трајков (бас гитара) и Кире Стојанов (тапани), е основан во 2013 година, а веќе подолго време настапува во бројни градови ширум Македонија. За сите новости и идни настапи на бендот можете да се информирате на нивната фан страница на Фејсбук.

 

 



Врати се горе ↑