Видео tihomir-bozhinovski-bolis-cover

20 март, 2014

Одлична преработка на „Болиш“ од Брејк

Голем дел од младите надежни музичари ги прават своите први обиди со преработки на веќе познати песни. Таков е случајот и со битолчанецот Тихомир Божиновски, кој уште од најрана возраст се занимава со музика, односно свирење на гитара, а неговата прва преработка е актуелниот хит на Брејк, темата „Болиш“. Како што вели тој, ова е пробна верзија за тоа што треба да следи во иднина, а се планираат и нови, попрофесионални преработки. Иако најчесто се прават преработки на странски хитови, нè радува тоа што Тихомир избрал македонска песна, а за видеото се погрижија Филип Божиновски (камера) и Кренар Драла (монтажа). Како звучи неговата изведба на прекрасната балада „Болиш“, можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑