Аудио 10314645_10152476368293755_3366748503113710719_n

28 септември, 2015

Одлична македонско-холандска реге соработка – „Macedonia“!

„Macedonia“ е насловот на неодамна објавената песна на холандскиот реге состав „Фајаборн“ (Fijaborn), снимена во соработка со тетовците „Конкеринг лајон“.

„Инспирацијата пристигна кога Седрик ја посети Македонија минатата година и беше позитивно изненаден од нашата земја. Проверете, слушнете и споделете“, порачаа од „Конкеринг лајон“ објавувајќи ја песната, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина



Врати се горе ↑