Македонија оф

7 септември, 2017

Одличен почеток на „Охрид фест 2017“, пренос во живо и на Фејсбук и Јутјуб

На првата фестивалска (Фолк) вечер од 24. издание на интернационалниот музички фестивал  „Охрид фест –  Охридски  трубадури“, првите награди на жирито и публиката  ги  освоија песните „Добро утро мило мое“ (Зоран Христов) и  „Љубовна“( Ленче и Горан Кукиќ со групата „Јупитер“).

На Фолк вечерта беа презентирани 21 песна од  кои повеќето ги  освоија срцата на љубителите на  фолк музиката. Покрај  неизвесноста и љубопитноста кои автори ќе ги освојат наградите, атмосферата на кејот од Охридското езеро ја запалија и членовите на групата „Биоритам“ со  хитовите  кои ги  исполнија во својата шоу програма. Наградите  на фолк  вечерта ги понесоа:

Награди  од  стручното жири;

Најдобар текст – Благица Павловска ( „Виножито на небото“)

Најдобар аранжман-  Сашо Ливрински

  • Најдобар дебитант –Мартина Валиенте (Бугарија)
  • Најдобра интерпретација – Ленче и Горан Кукиќ
  • Специјална награда Аце Ангелевски за песната „Мачо тип“ (Руса Андова)
  • Најслушана песна меѓу два фестивала -„Песна за Љубојно“(Александар Цветковски)
  • Најтрубадурска песна -„Елена“ (Жарко Тимотиевиќ)
  • Специјална награда Долни Сарај – „Кога пеам“ (Гулабица)
  • Најдобар сценски настап – „Скопски боеми“
  • Прва награда од жири– „Добро утро мило мое“ (Зоран Христов)
  • Втора награда од жири – „Жал за Марика“ (Н.Величковски со С.Милковска и „Наши трубадури“)
  • Трета награда од жири – „Во вечна љубов верувам“  (група „Соната“)
  • Награди од публиката

Прва награда од публика – „Љубовна“( Ленче и Горан Кукиќ и Јупитер)

Втора награда од публика – „Мојата душа бистро езеро“ (Милован Секулоски и гр. Носталгија)

Трета  награда од публика – „Во вечна љубов верувам“ (  група Соната )

 

„Охридски Трубадури“ 2017 – ФОЛК ВЕЧЕР

           Како гласаше публиката  + телевоутинг

  1. Кога пеам – ……………………….Гулабица 19 +4= 25
  2. Добро утро мило мое – …Зоран Христов 9+5=14
  3. Верни другари – …Илија Димовски – Илче 10+0=10
  4. Можеби – ……………….Сашо Николовски 15+0=15
  5. Сакам да ми бидеш невеста – .С. Георгиевски 8+0=8
  6. Мачо тип – ……………..Руса Андонова (Бугарија) 18+0=18
  7. Соколи Мои -………………….. Сефедин Бајрамов 16+0=16
  8. Не сака душа – ………………………….Раде Пилето 14+10=24
  9. Живот пишувам -……………………. Ѓоко Дичоски 36+2=38
  10. Само спомени – .. ………..Мартина Валиенте    20+0=0
  11. Љубена моја -………….Кирил Белистoјаноски 31+0=31
  12. Боли срцево боли – ………….Боби Спасеновски 34+3=37
  13. Анастасија – ………………………Петар Нечовски 30+0=30
  14. Искра – …………………………Серафина Фантаузо 14+1=15
  15. Мојата душа бистро езеро – М. Секулоски 86+6=92
  16. Виножито на небото– ……Благица Павловска 72+0=72
  17. Заљубен до гуша– ……………….Скопски Боеми 56+8=64
  18. Елена – …………….Жарко Тимотијевиќ – Србија 9+0=9
  19. Во вечна љубов верувам – ………………….Соната       69+7=76
  20. Жал за Марика – Величковски – С.Милковска 44+0=44
  21. Љубовна – ……Ленче и Горан Кукиќ и Јупитер 87+12=99

Доколку ја пропуштивте вчерашната фолк вечер, снимка можете да погледнете овде (предупредување, започнува многу гласно!), а вечерва во 20.10 часот започнува и поп вечерта, чиј директен пренос, освен на македонските телевизии (охридската телевизија „Ин“, кабловската телевизија „Инфел“, ТВ Куманово, ТВ Сонце, ТВ Стар,ТВ Плус, ТВ Свет, ТВ МТМ,ТВ ВИС) можете да го следите и на Фејсбук и Јутјуб. Овој пат премиерно ќе слушнеме 16 песни во изведба на Влатко Илиевски, Пепа, Лена, Ѓоко Ѓорчев, „Моротов бенд“, Симеон Коруновски, „Џентлменс“……



Врати се горе ↑