Видео 14907577_197872567324086_8525412205400792273_n

29 ноември, 2016

Одличен почеток на „Кастинг талент шоу“

На „Канал 5“ вчера започна да се емитува новиот музички проект „Кастинг талент шоу“, во чии рамки ќе се одбираат талентирани пејачи и актери за мјузиклот во чест на Тоше Проески, „Тајно моја“. Над 500 кандидати се пријавија за да се докажат пред македонската публика и тричленото жири составено од Игор Џамбазов, Сара Мејс и Игор Дурловски, а во вчерашната прва епизода имавме можност да видиме 14, односно 15 аудиции.

sara-petreska

Меѓу најсреќните што успеаја да продолжат понатаму се најде и 18-годишната Сара Петреска од Струга, која се претстави со победничката композиција од „Макфест 2013“, „Врати ми го сонцето“ од Александра Јанева. Со две ДА, талентираната стружанка повторно ќе ја видиме и во вториот круг, а нејзината аудиција можете да ја погледнете овде.

riste-i-stojancho

Покрај Сара, уште еднаш ќе го видиме и Ицката од Босилово, односно Ристе Гавровски, чија изведба на евергринот „Feeling Good“ не доби баш најдобри критики, но жирито сепак одлучи да му даде уште една шанса, исто како и на 22-годишниот Стојанчо Вучков од Гевгелија, кој ги отпеа евровизиската „No One“ од Словенката Маја Кеуц и „Кажи ми“ од Драган Мијалковски.

ana-marija

Иако има само 14 години, талентираната битолчанка Ана Марија Поповска успеа да го привлече вниманието на жирито, кое забележа дека има огромен потенцијал. Таа го отпеа хитот „Love On Top“ од Бијонсе и евровизиската „Црно и бело“ на Калиопи и со 3 ДА продолжува понатаму, а како звучеше сето тоа можете да погледнете овде. Со хит од Бијонсе, познатата „Listen“, која е дел од мјузиклот „Девојки од соништата“ (Dream Girls, 2006), се претстави и 18-годишната охриѓанка Ана Пазевска, чиј настап беше награден со 3 ДА.

ana-pazevska

Последната кандидатка која продолжува понатаму е добро позната за македонската публика. Станува збор за талентираната „Пинкова ѕвездичка“ Антонија Гиговска, која се претстави со евергринот „I Will Always Love You“. Џамбазов ја искористи пригодата да нè потсети дека оваа песна е всушност преработка на истоимената тема од кантри ѕвездата Доли Партон, но бидејќи нејзината верзија не ја достигна популарноста на онаа од Витни, ретко кој ја знае оваа приказна. Нема ни потреба да се додаде дека Антонија оди понатаму, а нејзината воодушевувачка изведба погледнете ја овде.

antonija

Секако, во вчерашната епизода ги имаше и оние кои не продолжија понатаму, без оглед дали стануваше збор за трема, погрешен избор на песни или едноставно не биле доволно талентирани. Меѓу нив се Марија Панчурева, Марија Митревска, Мартин Ѓорѓиевски, Методија Петрески, Весна Станојовска, Озген Сулејмановски, Кети Танеска и близначките Андреа и Патриција Георгиеви.

Од над 500 пријавени, во вториот круг продолжуваат 108 кандидати, кои овој пат ќе ги очекува малку потешка задача – да ги покажат своите актерски и танцувачки способности. Вториот дел од аудициите, како и големото финале што ќе се одржи на роденденот на Тоше, 25 јануари, ќе бидат пренесувани во живо, а премиерата на самиот мјузикл е закажана за 9 март.

 

Кастинг талент шоу“ ќе се емитува секој работен ден од 21.30 часот на „Канал 5“.

И.Ј.



Врати се горе ↑