Балкан 1508632_732079646805077_548096288_n

8 јануари, 2014

Одличен почеток на финалните вечери на X Factor

Синоќа се одржа првата финална вечер од регионалниот X Factor, а настанот беше пренесуван во живо на телевизиите Сител и Пинк. Во претходните две епизоди беа избрани 12 финалисти, но отпаднатите од фазата „Домовите на судиите“ имаа уште една можност да ја продолжат борбата со тоа што беше овозможено баражно гласање преку Фејсбук страницата на еден од спонзорите на натпреварот – Рајфајзен клуб – Србија. Меѓутоа, само 4 од нив кои добија најголем број на гласови сè уште се во игра и еден од нив ќе биде 12-тиот финалист кој од следната недела ќе продолжи да се натпреварува во трката на главната награда, а тоа ќе биде Маид Хеќимовиќ, дуото Јана и Лука, Милош Бајат или Александра Секулиќ.

На самиот почеток од синоќешната емисија нè очекуваше изненадување, односно тоа што водителскиот тим доби уште еден член. Станува збор за еден од отпаднатите кандидати, црногорскиот актер и како што самиот се претстави на аудицијата „мултимедијален уметник“ Славко Калезиќ, кој во овој натпревар ќе има улога на водител, а како што можевме да се увериме вчера, одично се снајде со оваа задача.

Натпреварот започна со првата кандидатка од категоријата девојки, Александра Брковиќ, по која следуваа настапите на Младен Лукиќ, Харис Ќато, групата 4U, Илма Карахмет, Алекса Перовиќ, Маја Новаковиќ, дуото H2O составено од нашата Фифи и Маринела, групата Доктори, Тамара Милановиќ, Лукијан Ивановиќ, а со својот одличен настап последниот кандидат за вечерта беше нашиот Даниел Кајмакоски.

За време на гласањето кое траеше половина час, како специјални гости настапија хрватските виртуози на виолончело, Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер познати како 2Cellos, а потоа беа откриени имињата на двата кандидати кои освоија најмал број гласови – Александра Брковиќ и Младен Лукиќ, кои имаа уште една последна можност да се спасат од испаѓање. Оваа одлука секогаш прво е во рацете на жирито, кое доколку има изедначен број гласови, на помош доаѓа „петтиот член“, односно публиката. Таков беше случајот и синоќа, кога и Александра и Младен имаа по 2 гласа од жирито, па според гласовите на гледачите натпреварот го напушти Младен Лукиќ.

Фотографии: Лука Пилиповиќ /X Factor Adria Facebook Page

 Сите настапи од првата финална вечер можете да ги погледнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑