Галерија

20 август, 2014

Одличен настап на Четкар во чест на претседателот Ѓорѓе Иванов

Светски познатиот џез музичар Владимир Четкар деновиве одржа концерт во чест на претседателот Ѓорѓе Иванов и поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. Концертот, кој се одржа во Аквариус во Охрид, помина во феноменална позитивна атмосфера со овации и неколку биса. Покрај претседателот и неговиот гостин Тадиќ, меѓу гостите таа вечер беа и американскиот амбасадор Волерс, министерот за одбрана Зоран Јолевски, градоначалникот на град Охрид, Никола Бакрачески и голем број дипломати и љубители на џез и фанк музиката.

Концертот беше во пресрет на вчерашното свечено отварање на петтата Школа за млади лидери, каде поранешниот српски претседател Тадиќ одржа планирање. Четкар настапи со Бено Сатлер на тапани и Оливер Јосифовски на бас гитара. Настанот го овековечи Александар Ковачески, а како изгледаше сето тоа преку неговите фотографии можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑