Свет destinys-child-reunited-at-beyonce-super-bowl-show

4 февруари, 2013

Одличен настап на Бијонсе и Дестинис Чајлд

Вчера, на најгледаниот настан во САД, финалето на Super Bowl, на полувремето се случи долгонајавуваниот настап на Бијонсе заедно со поранешните членки од триото Дестинис Чајлд, Мишел Вилијамс и Кели Роланд. „Г-ѓата Картер“  го започна настапот со нејзиниот хит „Crazy In Love“, продолжувајќи со „Never Let You Go“ и „Baby Boy“, пои кои на сцената и се придружија и колешките Мишел и Кели, со кои го продолжија одличниот настап потсетувајќи на нивните најголеми хитови, a изведбата ја заврши самата Бијонсе со „Halo“. Иако се очекуваше да ја изведат и нивната нова заедничка песна „Nuclear“, сепак тоа не се случи. Како и да е, во продолжение  уживајте во одличниот настап!

 



Врати се горе ↑