Аудио rmx

10 септември, 2015

Одличен македонски трап ремикс на хитот „How Deep Is Your Love“ од Келвин Харис и „Дисајплс“

Актуелниот хит на шкотскиот суперстар Келвин Харис и британското продуцентско трио „Дисајплс“ – темата „How Deep Is Your Love“ неодамна доби и интересен ремикс за кој се погрижи талентираниот прилепчанец Хари Ристески – H$P.Веќе имавте можност да слушнете и една од авторските теми на 20-годишниот продуцент, кој веќе долго време се занимава со диџејство и продукција. Дека е успешен во тоа, укажуваат поддршките од листата на елитните имиња на електронската сцена како што се: Dada Life, Ookay, Slander, LOUDPVCK, Sound Remedy, Matstubs, Gioni, Juanjo Martin, Luke Hayes, Tujamo, Audien и многу други. Во трап индустријата навлегува длабоко со неговата продукција, така што овој ремикс не е прв ни последен. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑