Галерија Ицо БанÑ-ко

13 јануари, 2015

Одличен концерт на Слаткаристика во Банско

Слаткаристика викендов го оддржа најавениот концерт во Банско, во диско клубот „Jack`s House“. На сцената заедно со него се претставија Аце НЛ и диџеј Че, а како специјален гостин се појави најпочитуваниот бугарски изведувач Ицо Хазарта кој е дел од најпознатиот бугарски хип-хоп состав „Апсурт“.

Концертот помина во најдобар ред и со одлична атмосфера, и според очекувањата салата беше полна, а песните на Слаткаристика се пееја во еден глас, како од македонските туристи, така и од локалното население.

По враќањето од зимскиот, туристички центар, Слаткаристика и „Иноватива груп“ се подготвуваат за престојниот, втор најавен концерт во Р.Бугарија во Софија, закажан на 20 февруари во еден од најдобрите концертни клубови – „Mixtape 5“, во кој, според заинтересираноста за нашиот Слаткаристика, се очекува исто така голема посетеност.



Врати се горе ↑