Концерт cador imame

12 јули, 2013

Одличен концерт на Нокаут во Битола

Точно една година по незаборавниот концерт, Нокаут се вратија во Битола и средата вечер го надминаа својот минатогодишен рекорд на посетеност. Битолчани не ги уплаши ни променливото време, ни највената бура. Како што во еден глас пееја заедно со Нокаут – „Па и да ни заврне чадор имаме…“. Местата на Ракометното игралиште не беа целосно пополнети, од едноставна причина што никој не сакаше да седне до самиот крај.

Публиката не остана рамнодушна ни на домашните бендови Паркети и Промашена инвестиција 3,14 кои придонесоа за уште поголема енергија и забава до раните утрински часови.

Со дел од сретствата на концертот, кој е дел од досега најголемото и најсодржајно културно лето „Бит Фест 2013“, Нокаут со организаторите Горила Продукција да му помогнат на 27-годишниот битолчанец Димтитрија Ласовски што поскоро да замине на лекување во странство.

Нокаут продолжуваат со активното лето. Следна е публиката во Кочани, која ќе ужива во добропознатите евергрини, но и новите песни на бендот на бесплатниот концерт во Градскиот парк во сабота, 13-ти јули. Кулминацијата ќе биде на 26-ти, за кога бендот го подготвува големиот концерт во клубот „Кадмо“ во Охрид.

Нокаут пред само неколку дена го промовираа видео записот за новата песна „Запомни тоа е сè што имаме“, во продукција на Горила, на чело со режисерот Владимир Дади Илиевски.

 



Врати се горе ↑