Македонија 1017396_561299270627128_459834293_n

18 јануари, 2014

Одличен концерт на Јоксимовиќ и Кајмакоски во Охрид

Синоќа во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид се одржа концертот на познатата балканска ѕвезда и актуелен судија и ментор во музичкиот натпревар X Factor, Жељко Јоксимовиќ, а како специјален гостин се појави нашиот претставник Даниел Кајмакоски. Покрај охриѓани, концертот го проследија и голем број битолчани, прилепчани, скопјани и се разбира стружани, што е уште еден доказ за огромната поддршка која Даниел ја има од својата земја. Публиката во преполната сала во еден глас ги пееше сите песни од почеток до крај, а атмосферата дополнително се загреа кога Кајмакоски ја отпеа познатата народна песна „Лихнида кајче веслаше“, а како изгледаше тоа можете да видите од снимките во продолжение.

 

 

„Лесно е да се настапува кога публиката пее со вас од почеток до крај. Ти благодарам Охрид!“ – напиша Жељко веднаш по концертот, а за огромната поддршка се заблагодари и нашиот миленик Даниел: „Лихнида ти благодарам за прекрасната поддршка, им благодарам на сите што дојдоа на концерт и се надевам дека ви се допадна.“ – вели Кајмакоски, кој утрово заедно со својот ментор прошета и низ неговиот град Струга.

Благодарение на гласовите од публиката, Даниел успеа да обезбеди место и во третата финална вечер од натпреварот, која е закажана за 21-ви јануари.

 



Врати се горе ↑