30 декември, 2014

Одличен дует на Тамара и Даниел: Погледнете го „За миг“

Супер успешната 2014 година Тамара Тодевска и Даниел Кајмакоски ја заокружуваат со преубав новогодишен подарок за сите нивни фанови, песната „За миг“ посветена на децата, чистите и невини чувства, љубовта и пријателството. Комплетниот автор на песната, Роберт Билбилов, нè враќа во детството, времето на безгрижноста. Спотот кој се снимаше во центарот на празнично разубавеното Скопје го изработија „Горила Филмс“ и „Сторителер“.

Во видео приказната обоена со магијата на љубовта учествуваа децата од Детското СОС село, од Домот „11-ти Октомври“ и од хорот „Златно славејче“ кои учествуваат и во аудио делот.

Ми претставуваше чест и задоволство да бидам дел од овој проект заедно со Тамара! Голема благодарност до златните славејчиња, како и дечињата и вработените во детското село ’СОС’, кои и покрај неповолните услови, ни излегоа во пресрет да го направиме ова видео!“, изјави Даниел, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑