8 декември, 2015

Одличен дует на Северина и Горан Каран

„Шта је свит“ е насловот на новата дуетска песна на хрватските музичари Северина и Горан Каран, чии автори се Ненад Нинчевиќ и Каран, а аранжманот го направи Ненад Шишков, додека за видео записот се погрижи Дарко Дриновац. Песната својата премиера ја доживеа вчера, преку социјалните мрежи, а Северина ја опиша како сплитска бајка што може лесно да се најде во кој и да е Дизниев филм.

Убава, едноставна, емотивна… песна за секогаш“, вака Севе ја претстави новата песна, која воедно е и најава за сплитскиот мјузикл „Наша била шторија“, а како изгледа и звучи овој одличен дует можете да погледнете горе.

Фотографија: Јелена Балиќ

 



Врати се горе ↑