Македонија 602853_482094071831733_1616735285_n

24 декември, 2012

Одличен акустичен концерт на Каролина

Најпознатата битолчанка и една од најдобрите женски вокали во Македонија и на Балканот – Каролина Гочева, во саботата го одржа нејзиниот прв акустичен концерт во нејзината долгогодишна кариера. Повод за овој претпразничен концерт беше нејзината компилација насловена „Најубавите песни“ која неодамна ја промовираше само за македонската публика. Покрај „најубавите песни’ кои самата Каролина ги избра да бидат дел од ова издание, публиката заедно со неа ги отпеа сите нејзини големи хитови од почетокот на нејзината кариера, како и евровизиските „Од нас зависи“ и „Мојот свет“, сè до последните песни кои публиката ги знаеше наизуст.

Преполната Универзална сала во хор ги отпеа сите рефрени, а во публиката со своето присуство ја почестија и дел од колегите од музичката сцена, како што се Тамара Тодевска, Тони Зен, Елена Ристеска и други. На сцената заедно со Каролина беа 17 одлични музичари кои ги претставија новите малку изменети аранжмани на песните, давајќи им мал џез призвук, како и најдобрите придружни вокали Ана, Сара и Јуле. Сè на сè, одлична вечер која долго ќе се памети, а Каролина уште еднаш го портврди нејзиниот статус на македонски бренд. Во продолжение погледнете неколку фотографии од концертот, како и снимки кои се најдоа на ЈуТјуб, благодарение на Саздовски.

Фото: Фејсбук фан страница на Каролина



Врати се горе ↑