Македонија

27 мај, 2019

Одбрани 39 кандидати за гала-вечерите на „Ѕвезда број 1“

Заклучно со вчерашната финална аудиција на „Ѕвезда број 1, заврши селекцијата на кандидатите што ќе се натпреваруваат во гала-вечерите на новото македонско музичко шоу кое секој работен ден се емитува на 1ТВ. Вкупно 39 кандидати ја добија можноста да се борат за главната награда и за победа во првата сезона од овој натпревар, а како што соопштија организаторите, потрагата по нова ѕвезда продолжува веќе во септември.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите учесници кои од почетокот беа дел од нас, имаше многу талентирани кандидати и навистина беше тешко да се направи селекција. Им честитаме на сите што го поминаа овој круг, а секако им честитаме и на останатите кои дадоа сè од себе. Повеќе среќа во следната сезона“, порачаа организаторите.

View this post on Instagram

Pocituvani, ve izvestuvame deka na vcerasnata audicija vo Makedonska Opera i Balet bea izbrani 39 kandidati koi ke nastapuvaat na gala vecerite I ke se borat za glavnata nagrada! A do krajot na ovoj den ke vi go otkrieme iznenaduvanjeto koe go dobiva pobednikot pokraj dogovorot so produkcijata! 😊 P. S. Sakame da se zablagodarime na site ucesnici koi od pocetokot bea del od nas, imase mnogu talentirani kandidati, I navistina bese tesko da se napravi selekcija. Im cestitame na site sto go pominaa ovoj krug, a sekako Im cestitame I na ostanatite koi dadoa se od sebe. Poveke sreka vo slednata sezona! I golema blagodarnost do nasite prijateli koi nesebicno ja podrzuvaat Makedonskata muzika: @pepsimakedonija @vitaminka.mk Mermerenkombinat @philipsmacedonia @makedonskaoperaibalet River sound

A post shared by Zvezda Broj 1 (@zvezdabroj1) on

Само за потсетување, „Ѕвезда број 1“ е проект за заживување на нашата музичка сцена, зад кој застанаа поп-пејачката Елена Петреска и Бане Поповиќ од продукцијата „Томато“. Откако беа одбрани најдобрите кандидати, наскоро се очекува да започнат и гала-вечерите кои ќе се емитуваат секоја седмица, во времетраење од два часа.

Во однос на наградите за најдобрите, предвидено е десет финалисти од шоуто да добијат снимање на песна и видео за истата, а за победникот договор и снимање албум, но листата на награди сè уште не е комплетирана и следуваат многу изненадувања за финалистите.

Доколку пропуштивте некоја од досегашните епизоди, истите можете да ги прегледате на Јутјуб, како и секој работен ден во 17.30 часот на 1ТВ.



Врати се горе ↑