Македонија mk himna

1 јануари, 2013

Одбележан денот на македонската химна

На 30-ти декември, во неделата во Струга беше одбележана 71-годишнината од македонската химна. Пред централната свеченост во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше положено цвеќе пред споменикот на Владо Малески и пред спомен-куќата на Сотир Шута, каде првпат била испеана македонската химна „Денес над Македонија“.

Химната е прв пат јавно изведена во куќата на семеството Шута, сред струшката чаршија, во присуство на 28 учесници во НОБ,  далечната 1941 година, на прагот на новата 42, во виорот на ослободителната борба.

За да се дознае вистината за овој важен историски настан, повторно е печатена книгата на Сотир Опетчески „Вистината е во букетот цвеќе“,  во која се расветлуваат многу непознати околности и сокриени факти за песната.

Извор: Cooltura.mk



Врати се горе ↑