Балкан 403387_10151363595158698_727558143_n1-620x350

22 декември, 2012

Од вчера во претпродажба билетите за „Егзит 2013“

Промотивната кампања почна, а со неа и претпродажба на влезници за фестивалот Егзит кој следната година ќе трае пет дена, од 10. до 14. јули. Продажбата почна вчера точно на пладне, а за најбрзите ограничениот број влезници по најниска цена е достапен преку сајтот gigstix.com. На најбрзите им е овозможено да купат најмногу четири карти по пониска цена.

На тој начин, најверните фанови на фестивалот имаат можност да дојдат до влезница со попуст од 60 отсто во однос на полната цена на пакетот која ќе биде актуелна во деновите пред фестивалот, а ќе изнесува 11.990 динари. Продажбата на влезници за Егзит трајб веќе почна и трае до 25-ти декември оваа година.

Егзит следната година ќе доживее и извесни концепциски унапредувања. Желба на организаторот е манифестацијата да се прошири со нови содржини, за Егзит да прерасне во фестивал на креативност, но и дел од програмата да се измести од Петроварадинска тврдина во центарот на Нови Сад. Како сето тоа ќе изгледа и кои ќе бидат главните изведувачи ќе дознаеме веќе на почеток на 2013 година.



Врати се горе ↑