Концерт normal_Depeche_Mode_7

28 октомври, 2012

Од утре во продажба билетите за „Депеш моуд“

Концертот на еден од најдобрите бендови на денешницата, „Депеш моуд“, ќе настапат во Белград на 19 мај како дел од нивната светска турнеја во 2013 година. Бендот во текот на пролетта ќе одржи 34 концерти во 25 држави, пред повеќе од милион и пол фанови. Турнејата ќе започне на 7 мај во Тел Авив, а покрај оној во Белград, концерти ќе се одржат и во Берлин, Париз, Москва и Рим, завршниот ќе биде на 29 јуни во Минск, а потоа ќе имаат настапи и во Северна Америка. Во истиот период официјално е најавен и нивниот тринаестти студиски албум на кој работеа поголемиот дел од годината.

Ова ќе биде првиот настап на бендот по три години од исклучително успешната турнеја „Tour of the Universe“, кога за жал концертот во Белград не беше одржан заради болеста на пејачот Дејв Гахан. Со новиот албум, новата турнеја на бендот одекна како највозбудливата вест во музичкиот свет.

Подгответе се за најголемото музичко случување во следната година бидејќи белградската, односно балканската публика ќе ја има можноста по прв пат заедно со бендот да ги запее познатите хитови „Personal Jesus“, „Enjoy the Silence“, „ It’s No Good“, „Dream On“и други.

Влезниците за концертот од утре, 29 ноември ќе бидат официјално пуштени во продажба на страницата www.gigstix.com



Врати се горе ↑