Концерт crvenajabuka2

19 февруари, 2013

Од утре во продажба билетите за Црвена Јабука

Како што неодамна најавија од К-тим продукција, легендарниот состав Црвена Јабука ќе одржи концерт на 29-ти март во скопската дискотека Колосеум, а од утре (20-ти февруари) стартува продажбата на билетите за овој настан. Што се однесува до цената на влезниците, првите 500 ќе може да се купат по мошне популарна цена од 200 денари. По завршувањето на продажбата на првите 500 влезници, истите ќе чинат 250, а на врата 300 денари. После 1 часот по полноќ, билетите на касата на клубот ќе се продаваат по цена од 350 денари.

Влезниците во претпродажба можат да се купат во Камарад – Рамстор, весникарницата во Веро 2 и преку системот www.kupikartizase.com. Настанот е во организација на К-тим продукција.

 



Врати се горе ↑