Аудио tc

25 февруари, 2016

„Од трња до звијезда“ е новиот сингл на Тони Цетински

„Од трња до звијезда“ е насловот на новиот сингл на познатиот хрватски музичар Тони Цетински, кој уште еднаш ги здружи силите со својот долгогодишен пријател и соработник, Миро Буљан.

„Имам чувство дека луѓето ќе ја прифатат оваа песна и дека ќе си ја потпевнуваат додека возат во автомобил, готват ручек и дека во секој момент ќе биде слушана со задоволство. Песната го има звукот на осумдесеттите, мошне е радиофонична, а што се однесува на текстовите, некако сме сè постари и позрели, па логично е и повеќе да се трудиме за да биде што подобро. Трнливиот пат е нешто добро, но под услов да не завршува со враќање назад, а за тоа зборува и самата песна“, изјави Цетински за хрватски „Дневник“, а како звучи неговиот нов хит можете да слушнете во продолжение.

Фотографија: Јутјуб



Врати се горе ↑