Свет image

23 април, 2013

Од рап крал до реге принц – Снуп го објави новиот албум

Еден од најпрепознатливите рапери на сите времиња, Снуп Дог, денеска официјално го објави својот дванаесетти албум „Reincarnated, но прв под новото алтер его и име Снуп Лајон. Големите промени во кариерата на познатиот музичар дојдоа со неговиот престој на Јамајка и прифаќањето на новата животна и музичка филозофија.

„Reincarnated“ претставува исчекор на Снуп во жанрот на реге музиката и прекин на врската со неговото минато, метаморфоза на раперот-гангстер во лик кој испраќа порака за мир и љубов: „Дојдов на Јамајка за да направам нов албум, да снимам филм и вистински да се откријам себе сѝ. ‘Reincarnated’ настана од желбата да ја пренесам пораката за љубов и да го насочам вниманието кон одличната музика настаната на овој прекрасен остров, чија намена секогаш била позитивно да го менува светот и која има свој посебен живот“.

 

Новиот албум го карактеризира соработката со локалните легенди на реге музиката, но и ѕвездите од светот на рап и поп музиката како што се Дрејк, Крис Браун, Баста Рајмс, Ејкон, Рита Ора и Мајли Сајрус. Продуцент на албумот „Reincarnated“ е Дипло, чиј настап исто така ќе имаме можност да го видиме на овогодинешниот EXIT фетсивал.

Еден од премиерните европски настапи со изведба на песните од новиот албум Снуп Лајон го резеврира токму за EXIT фестивал. Публиката ќе има единствена прилика да ужива во настапот на уметникот во музичка транзиција за време на кој микрофоните ќе ги вкрстат двете алтер ега на еден човек – раперот Снуп Дог со своите опасни гангстерски хитови и раста Снуп Лајон со позитивните реге вибрации во спектакуларна музичка претстава.

Во исчекување на неговиот настап на главната бина на EXIT да уживаме во синглот од албумот „Reincarnated“Snoop Lion feat. Angela Hunte – Here Comes The King.

 

Актуелната цена со 50% попуст за петдневните влезници за претстојниот Егзит фестивал изнесува 3580 денари, а истите можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон – ТГЦ, прв кат).

Редовно следете и на www.exitfest.org, бидејќи во наредниот период следат објави на нови имиња.



Врати се горе ↑