28 октомври, 2012

Од Профи и Мастер М „ни трага ни глас“

Оваа нумера е парче во кое што ќе уживате, ќе Ви го задржи вниманието и ќе Ве насмее. „Ни трага ни глас“ е уникатна приказна на Дамјан Цветановски – Профи, за која музиката ја направи Шеро „Master M.“ Мустафа, а текстот го потпишува Дамјан Цветановски – Профи. Звуците на гитара доаѓаат од Кико Савиќ, а видео записот го изработија Шеро Мустафа и Трифун Ситниковски, додека директор на фотографија е Марко Марјановиќ. Специјално гостување има Елена „Missy“ Кипровска. „Ни трага ни глас“ е деветта композиција од неодамна издадениот соло албум на Профи „Покажи кој си“.



Врати се горе ↑