Аудио dimitar-stojmenovski-od-mene-begas

23 декември, 2013

„Од мене бегаш“ го враќа Димитар на музичката сцена

Модернистички звук и вокална компактност кои  даваат современа целина на неодолив Р’н’б хит –  вака Димитар го претстави најновото од себе кое го навестува само почетокот на комплетната посветеност на музиката. Периодот до 2013 година за Димитар Стојменовски значеше музичко созревање, а тоа несомнено го докажува со најновата песна насловена „Од мене бегаш“ за која авторски се потпишува Зоран Алексиќ, додека текстот е на Рената Кралевска.

2007-ма беше годината кога Македонија се гордееше со своите претставници Димитар и Росица на Детската Евровизија во Ротердам, постигнувајќи го највисокото место од сите досегашни македонски претставници. Она што ја одбележа  неговата 2013 година се бројните настапи и концерти по класична музика, а токму со  својата музичка пасија и бројните овации од професионалноста и посветеноста, означи  успешен  завршеток на истата,  со сатисфакција за уште поуспешна 2014 година.

Новото музичко парче на Димитар можете да го слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑